Вујошевиќ: Партизан има долг кон мене, но јас ја немам блокирано сметката на клубот

vujosevic

Според српските медиуми, поранешниот долгогодишен тренер на Партизан и актуелен селектор на Босна и Херцеговина, Душко Вујошевиќ поради неисплатен долг на ,,црно-белите” кон него,  ја блокирал сметката на поранешниот клуб.

Се работи за долг од 113 илјади евра, и тој има пуштено налог за наплата од сметката на Партизан, кој претходно се тужеа на суд.

Но, веднаш со своја приказна се јави и Вујошевиќ, кој ја објасни целата ситуација околу наводното блокирање на сметката.

– Значи, да разјасниме една работа, да долгот треба да се исплати, но дека сум ја блокирал сметката тоа е чиста дезинформација. Еве зошто. Никој не може да го блокира Партизан. Најпрвин ФИБА има законска обврска да стави забрана за носење нови кошаркари во клубот, тоа е една работа, а друга работа е што ФИБА може да изгласа елиминација на одреден период од европските натпреварувања. И во двата случаја нема ништо од тоа, значи Партизан доведе двајца нови играчи и не е елиминиран од европските натпреварувања. Најважно од се, е што јас никогаш не би му го направил тоа на Партизан. Сигурно е некоја банка која активирала налог, – дециден е Вујошевиќ.

Facebook Коментари