Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујо со легендарна изјава: Ќе играме „8 на 6“, а не „7 на 6“!

Објавено

на

Веселин Вујовиќ ова попладне го најави утрешниот натпревар кој го чека Вардар во Лигата на шампионите, средба во која според тренерот на македонскиот првак, неговиот тим за првпат влегува како апсолутен фаворит за освојување на бодовите.

„Црвено-црните“ засега покажуваат дека се непобедливи на домашен терен со огромната поддршка од навивачите, па иако натпреварот против Монпелје не е така атрактивен како оној против Алборг, Вујо на интересен начин ги покани вардаровите фанови и побара што поголема поддршка во салата „Јане Сандански“.

– Вардар за првпат оваа сезона влегува како фаворит во еден натпревар. Ќе бидам искрен, имам максимален респект за Монпелје, но тие некако ми се домашна екипа.

– Со Кил одиграа извонредно, а потоа одат кај некој француски тим Сесон и губат на гостински терен. Станува збор за млад тим и не играат исто на домашен и на гостински терен.

– И покрај тоа, очекувам тежок меч, но поволен е и фактот што за првпат немам повредени играчи во тимот. Ги замолувам сите навивачи кои го сакаат Вардар да дојдат во салата, а не само Комитите. Со нашата публика, тука веќе паднаа Мешков, Алборг и Пелистер. Ако дојдат навивачите утре ќе играме „8 на 6“, а не „7 на 6“ како што сакам да играме понекогаш, – изјави Вујо.

Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје во „Јане Сандански“ се игра утре во ударниот термин од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни