Светски првенства
Вујо издвои еден македонски играч кој бил нерешлива енигма за Катарците: Попусто направивме видео анализа за него

Веселин Вујовиќ спортски и џентлменски го прифати поразот од Македонија и им посака многу среќа на нашите избраници пред последниот натпревар во втората фаза, а со оглед на тоа што станува збор за човек кој многу добро го познава ракометот во нашата земја, тој беше еден од најбараните од новинарите во микс-зоната.
Покрај изјавата која ја даде за македонските новинари, Вујо ексклузивно одработил разговор и за „Балкан-хендбол“, интервју кое го искористил за да го поосчи најдобриот ракометар од нашиот тим на натпреварот против неговата селекција.
– Уште во најавата за Светското првенство јас реков дека ќе ми биде тешко да го опоравам тимот во толку краток временски интервал. Имаме шест или седум играчи кои имаат над 35 години и ние сме највозрасна репрезентација на Светското првенство.
– Примивме речиси 80 голови на два меча и тоа е премногу. Ако верував во нешто, верував дека можеме да играме коректна одбрана, но моите играчи целосно ме демантираа. Македонија во секој момент одржуваше контрола на натпреварот, поготово во второто полувреме.
– Македонија знаеше што сака, играа прецизно и многу точно. Мислам дека посебно се издвои Пешевски кој беше непремостлива пречка за нас, иако направивме и видео анализа за неговата игра. Истото важи и за Митев, а токму Пешевски и Митев беа најдобри играчи на Македонија, – изјави Вујо.
-
Лига на шампиони17 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Шпанија24 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Франција23 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА23 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија17 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони13 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)