Поврзете се со нас

Европски првенства

Вујкото на Ван Дајк открил зошто дефанзивецот не го носи презимето на својот дрес

Објавено

на

Foto:twitter.com/OnsOranje

Вирџил ван Дајк е еден од клучните фудбалери во холандската репрезентација на актуелното европско првенство, а негов близок роднина открил зошто дефанзивецот го користи името, а не презимето на својот дрес.

На дресот на холандскиот капитен и на овие настапи стои името Вирџил, а неговиот вујко открил која е причината за таквата одлука на фудбалската ѕвезда.

– Неговиот татко ја напуштил својата сопруга и трите деца и Вирџил никогаш не му го заборави тој потег.

– Вистината е дека неговиот татко не бил во близина во текот на многу години, а мајката е херојот во приказната. Не го елиминирате презимето на својот татко без причина, а Вирџил со ова испраќа јасна порака.

– Рон ван Дајк е фино момче, но потребно е повеќе од тоа за бидете добар татко. Тој имаше втор брак и неговата нова сопруга доминирала, па тој не поминувал многу време со децата, – открил Стивен фо Сиеув, роднина од страна на мајката на фудбалерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни