Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујин: ПСЖ не планираше ваков исход, одиме на победа

Објавено

на

Иван Чупиќ нагласи дека Вардар нема да замине со бело знаме во Париз и се обиде да објасни какви се шансите на тимот за сензација на гостувањето, а покрај него, со своја најава за дуелот кој се игра во среда излезе уште еден искусен ракометар од редовите на македонскиот тим.

Марко Вујин полека влегува во натпреварувачки ритам и изгледа се подобро на теренот откако имаше доста тешка сезона минатата година, па како еден од главните адути во нападот во последно време, нагласи дека Вардар на секој натпревар оди на победа, без оглед на името на ривалот, што во случајот е ПСЖ.

– Очекувам да продолжиме во истиот ритам како на последните два натпревари. Мислам дека тоа што го прикажавме на последните два меча изгледа многу подбро и сметам дека играме вистински ракомет, против тешки противници.

– Имаме свои шанси на секој меч се надевам дека ќе се вратиме со позитивен исход. Тие сигурно се под притисок, загубија три од четирите средби од почетокот на сезоната и тоа сигурно не го планирале.

– Имаат неколку повредени играчи и очекувам да има голема борба на теренот во среда. Ние одиме на победа како и на секој натпревар, Вардар секогаш мора да оди на победа ќе видиме што ќе ни донесе таквиот пристап, – изјави Вујин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни