Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујин посочи што Вардар треба да направи за добар резултат против Мешков Брест

Објавено

на

Вардар во среда ја отвара новата сезона во Лигата на шампиони и тоа со гостинска битка против Мешков Брест.

Средбата е закажана за 18:45 часот, а од истата „црвено-црните“ се надеваат дека ќе се вратат со поволен резултат во Скопје. Ветеранот Марко Вујин е свесен оти нема воопшто да биде лесно да се игра против Мешков, екипа за која од оваа сезона настапува поранешниот вардарец Сташ Скубе.

Алушовски: Мешков доби на квалитет со Скубе, ама знаеме кои се нивните слаби страни

-Почнува ЛШ, мислам дека одработивме квалитетни подготовки. Ова е една сосема нова екипа. Имавме некои потешкотии во пријателските мечеви со нашата воиграност, но работите одат на подобро од ден на ден и секако очекувам наша добра партија во Брест. Мешков го гледавме на Ф4 во Задар, сериозна екипа која има многу искуство во ЛШ и дефинитивно ќе биде тешко. Во Лигата на шампиони нема лесни противници. Ако одиграме квалитетна средба со добра одбрана, напад, добра полуконтра и малку технички грешки можеме да се надеваме на добар резултат, -истакна искусниот Вујин.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни