Поврзете се со нас

Македонија

Вујин искрено објасни зошто потпиша за Вардар: Ракометната магија во Скопје…

Објавено

на

Искусниот десен бек, Марко Вујин во сезоната 2020/2021 ќе го носи дресот на Вардар 1961.

Добро познато име ќе слета во Скопје: Двометрашот Вујин се договори со Вардар (ВИДЕО)

Двете страни се согласија и си подадоа рака за едногодишен договор во кој Вујин ќе треба да покаже дека се уште е врвен играч, бомбардер, поточно дека била само лоша авантура престојот во Спортинг во минатата кампања.

Вардар е голем клуб, актуелен освојувач на Лигата на шампионите. Ме привлече новата приказна на чело со Михајло Михајловски. Голема ракометна енергија се чувствува во Скопје и тоа многу ме потсетува на големите ракометни градови во кои играв како Кил и Веспрем. Исто така ме привлече и сериозната екипа која ја има Вардар во наредната сезона. Се најдобро имам слушнато за условите за игра, луѓето и градот. Би сакал заедно да имаме успеси достојни за името на клубот, -истакна Вујин за специјализираниот ракометен сајт „Балкан-хендбол“.

Леворакиот бек најдобрите партии во кариерата ги имаше носејќи ги дресовите на унгарскиот гигант Веспрем и бундеслигашот Кил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни