Поврзете се со нас

Македонија

Вујин го избра бројот на дресот кој ќе го носи во Вардар (Фото)

Објавено

на

Вардар почна официјално да ги претставува сите играчи кои ги договори како нови засилувања во изминатиот период, па така по вчерашната информација за ангажманите на Талески и Георгиевски, oва попладне пристигна потврда за искусниот српски бек.

Марко Вујин има навистина богата кариера зад себе како поранешна ѕвезда на Веспрем и Кил, па во Скопје доаѓа повторно да ја врати формата и самодовербата која дефинитивно ја загуби во Спортинг.

Србинот мина само една сезона во Португалија и експресно одлучи да го прифати повикот кој го доби од македонскта престолнина, а тој како искусен ракометар се очекува да има навистина големо влијание во реновираниот тим на европскиот првак.

Во официјалната објава, Вардар потенцираше дека српскиот „бомбардер“ го избрал дресот со број „41“.

– Српскиот интернационалец Марко Вујин потпиша двегодишен договор со Вардар 1961. Десниот бек кој зад себе има богата интернационална кариера го одбра бројот 41 на дресот со кој ќе настапува во нашиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни