Поврзете се со нас

Велосипедизам

Вуелта елиминира три етапи и ќе започне од Баскија

Објавено

на

Велосипедската трка околу Шпанија годинава ќе се одржи во скратен формат, односно со три етапи помалку, потврдија организаторитe.

Коронавирусот го зададе првиот удар на популарната Вуелта, но организаторите се убедени дека нивниот план Б со 18 наместо 21 етапа ќе се реализира и трката ќе има нов шампион во 2020 година.

Потегот е изнуден откако Холандија го продолжи карантинот на своја територија, по што не можат да бидат реализирани првите три етапи кои беа планирани токму во оваа земја.

Јубилејното 75 издание на Вуелта според новиот план ќе започне од Баскија, што според организаторите е добра солуција поради големата популарност на велосипедизмот во овој шпански регион.

Претходно, коронавирусот го откажа новото издание на Џиро Д’Италија, а ги примора и организаторите на Тур де Франс да ја префрлат трката во септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни