Поврзете се со нас

Англија

Вудворд застана во одбрана на Солскјер и го посочи напредокот кој клубот го има под негово водство

Објавено

на

blank

Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд застана во одбрана на Оле Гунар Солскјер кој повторно е мета на критики откако клубот се најде во нова лоша серија резултати.

Манчестер Јунајтед беше на врвот на табелата во јануари, но од тогаш испуштија 13 поени на последните осум натпревари што му овозможи на Манчестер Сити значително да се одлепи на табелата и да има 14 поени предност пред неделното меѓусебно дерби.

И покрај тоа Вудворд застана на страната на Солскјер потенцирајќи дека Норвежанецот донел одреден напредок во тимот оваа сезона.

– Напредокот направен од Оле и неговите играчи оваа сезона е јасен, а и нашата академија и женскиот тим исто така одат во нагорна линија. Токму затоа меѓу нас владее оптимизам за иднината на и надвор од терените, -изјави Вудворд.

Манчестер Јунајтед за прв пат по ерата на Сер Алекс Фергусон беше на врвот на премиерлигашката табела во јануари, меѓутоа не успеаја да се задржат таму и сега единствена цел до крајот на сезоната им преостанува да ја задржат втората позиција, како и да освојат некој од куповите во кои останаа Лига Европа или ФА Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни