Поврзете се со нас

АТП

Вудбриџ: Ѓоковиќ ќе се вакцинира за да игра во Мелбурн

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ се противи на задолжителното вакцинирање, но ќе прими вакцина ако тоа е задолжителен услов за настап на Аустралијан Опен.

Ова го тврди поранешниот австралиски тенисер Тод Вудбриџ, кој своевремено доминираше во дубл конкуренција.

– Јас сум убеден дека Ѓоковиќ ќе се вакцинира ако мора. Би бил шокиран ако поради тоа не настапи во Мелбурн и ја пропушти можноста да стигне до рекорден 21. грен-слем.

Во моментов во сојузната држава Викторија вакцинирањето е задолжително за домашните спортисти, но поранешниот тенисер е сигурен дека наскоро тоа правило ќе важи и за странските спортисти, пред се учесниците на Аустралијан Опен.

– Властите наскоро ќе решат кој ќе може да влезе во земјата, тениската федерација нема влијание на таа одлука. Знам дека повеќе тенисери не се вакцинирани, но сите тие ќе треба да размислат добро како сакаат да постапат.

– Сигурен сум дека Ѓоковиќ сака што побрзо да ги остави Федерер и Надал зад себе во однос на бројот на грен-слем титули, затоа и велам дека ќе бидам шокиран ако реши да не настапи на својот омилен турнир, – изјавил Вудбриџ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни