Вучиниќ во големи проблеми, Италијанците тврдат дека затаил данок

vucinic-aljazira

Поранешниот црногорски фудбалер, Мирко Вучиниќ, има сериозни проблеми со италијанските даночници, откако тие тврдат затаил сериозна сума данок.

Вучиниќ кој најголем дел од кариерата ја мина во Италија, односно во дресот на Лече, Рома и Јувентус, истата ја заврши во Ал Џазира, а токму тоа е и спорниот дел, тврдат Италијанците.

Обвинителството отворило истрага поради доказите дека Вучиниќ не и платил на државата 5,8 милиони евра, кој требало да ги плати на име данок додека настапувал за Ал Џазира.

Додека процесот е во тек, државата му го конфискувала имотот на Вучиниќ на италијанска територија.

Facebook Коментари