Поврзете се со нас

Италија

Вучиниќ го „закачи“ Алегри: Кога си во Јувентус…

Објавено

на

foto: sempreinter.com

Мирко Вучиниќ најголемиот дел од својата кариера го мина играјќи во Италија, а еден од клубовите за кој настапуваше беше Јувентус.

Тој беше три години во Торино, доволно време за да ја запознае културата на „бјанконерите“, како дише клубот и како е поставен кога се во прашање целите.

Актуелниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри во повеќе наврати порача дека Скудетото не е реална опција и покрај очекувањата од јавноста, навивачите, односно дека целта е Топ 4. Со ова не се согласува црногорската легенда која смета дека „старата дама“ како клуб секогаш мора да цели највисоко, да се бори за пехарот.

Алегри: Три тима се едно скалило над останатите

-Кога го носиш тој дрес, секогаш треба да целиш кон Скудетото. Да се зборува за четврто место е потценување. Уште повеќе, имајќи предвид дека нема да играат во Лигата на шампионите, -вели Мирко.

-Да се игра натпревар на секои три дена, долгорочно, станува многу тешко. Во последните десет дена Јуве ќе има повеќе енергија од останатите. На психолошки план, сепак, играчите знаат дека не можат да не успеат. Притисокот може да помогне, но ви требаат играчи кои знаат како да се справат со одредени ситуации, -додаде Вучиниќ за „Газета Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни