Поврзете се со нас

Светски првенства

Вучиќ ја обелодени својата единствена новогодишна желба и ги прозва Пикси и фудбалерите на Србија

Објавено

на

Српската фудбалска репрезентација режираше сензација среде Португалија и го шокираше фаворитот во последното квалификациско коло за Светското првенство, победа со која си го завери својот билет за мундијалот во Катар, а истовремено ги испрати Кристијано Роналдо и пријателите во баражот.

Избраниците на Стојковиќ го надиграа послниот ривал на хартија и сосема заслужено се погрижија за огромно славје во Белград и останатите градови, успех во кој интересно на големо веруваше и претседателот на нашиот сосед.

Александар Вучиќ им посака среќа на играчите во авионот пред заминувањето во Португалија и им вети премија доколку остварат победа, а сега како новогодишна желба посака Србија да игра во полуфиналето на Светското првенство кое ќе се игра во вториот дел од годината.

– Ќе се изненадите која ми е главна желба за 2022-ра година. Јас многу години наназад не одам на спортски манифестации за да не велат дека ја злоупотребувам функцијата. Ако се сеќавате, пред мечот со Португалија имав добро чувство и имав доволно храброст да и посакам успех на репрезентацијата. После првиот примен гол, јас бев виновен за тој пораз кој потоа се претвори во величествена победа.

– Мојата желба која му ја испраќам и на селекторот Стојковиќ и нашите фудбалери  е да влеземе во полуфиналето на Светското првенство и сигурен сум дека тоа можат да го направат. Кога сме сплотени и кога одиме заедно, можеме да бидеме најдобри. Верувам во нив и оваа желба нема никаква врска со мојата работа. Се надевам дека никој нема да ми забележи, а посебно Стојковиќ и фудбалерите кои можеби добиваат и товар на грб со оваа моја изјава, – вели Вучиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни