НБА
Вучевиќ за големиот трејд: Излегува како Дејвис да е просечен играч…

Членот на Чикаго Булс, Никола Вучевиќ даде свој коментар за најзначајниот потег, момент во оваа година во НБА лигата-тоа е трејдот меѓу Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс во кој беа вклучени две топ ѕвезди Лука Дончиќ и Ентони Дејвис.
Словенецот заврши во Калифорнија, Американецот во Тексас, размена која и денеска носи реакции иако веќе помина некое време и двајцата веќе се адаптираат, играат за своите екипи.
-Таа вечер си легнав рано. Се разбудив утрово и видов дека имам околу 100 нови пораки! Веднаш помислив дека сум трејдуван. Каде ќе одам сега? Каде ќе се селам? Што се случува? Но, неколку моменти подоцна сфатив дека тне сум јас во прашање, бидејќи иако го исклучувам телефонот, мојата сопруга секогаш може да дојде до мене. И бидејќи таа не се јави, знаев. Ги гледам пораките и гледам – Лука! Брзо отидов да видам што напишал Шамс и не можев да поверувам! Јас бев шокиран, како и целиот свет.
-Не ми е јасно дека разменувате играч како Лука. Човекот има 25 години, во подем, лани го однесе тимот до финале, сега пак ќе беа блиску… Знаете што најмногу ја покажува големината и талентот на Дончиќ? Тоа што Ентони Дејвис изгледа како просечен играч, никој не го спомнува, а тој ќе биде во Куќата на славните и е одличен. Она што не ми се допаѓа во целата приказна е тоа што го зборуваат за Лука, дека е неподготвен и ја спомнуваат неговата тежина. Не е фер клубот да му го прави ова на играч кој дал толку многу, кој толку многу им значи на навивачите… Непрофесионално, -вели Вучевиќ за „Меридијан Спорт“.
-Знам дека му е тешко што си замина, многу го сакаше Далас, но тој е вистинскиот тип на играч за Лос Анџелес и Лејкерс. Има харизма, има се и кошарка и маркетинг. Кога се ќе се среди, кога ќе се вклопи, целосно ќе се опорави од повредата и кога ќе му направат тим – се ќе биде одлично. Таму играле многу големи играчи, меѓу најголемите во историјата и тој припаѓа таму, -дополни Црногорецот.
Дончиќ по бавниот старт полека фаќа ритам и потврда за тоа се 60 поени кои ги даде на двете последните средби против ЛА Клиперс.
Дончиќ фаќа ритам, Лејкерс повторно му зема мерка на Клиперс (ВИДЕО)
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!