Италија
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ

Целиот пакет Рандал Коло Муани го чинеше ПСЖ околу 95 милиони евра, но само 18 месеци подоцна, францускиот шампион реши да се ослободи од репрезентативниот напаѓач.
Коло Муани наиде на голема конкуренција во тимот и не успеа да се избори за стартерски статус кај Луис Енрике, но откако сериозно западна во втор и трет план во последно време, беше јасно дека ќе направи трансфер во јануари.
Последните вести кои пристигнуваат од Италија велат дека Французинот ги комплетирал преговорите со Јувентус и се согласил да му се приклучи на тимот кој го води Тиаго Мота, па така клубот од Торино во наредните неколку дена ќе добие големо зимско засилување во нападот.
Доброинформираните италијански новинари веќе ја пренесоа ексклузивата за договорот за појзамица, а со позитивна порака пред дербито со Аталанта се јави и директорот Џунтоли.
– Не сакам да зборувам за нешто додека не биде целосно комплетирано. Сепак, кога веќе зборувам за ова, ќе кажам дека сум прилично убеден дека ќе ја завршиме операцијата, – изјави директорот на Јуве, Кристијано Џунтоли.
Коло Муани ќе биде второ зимско засилување за Мота, бидејќи клубот претходно му го обезбеди и потписот на португалскиот интернационалец Алберто Кошта.
-
Свет23 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Лига на шампиони16 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони14 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Шпанија22 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија20 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција22 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА21 час
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија23 часа
Сколс ги посочи најранливите позиции: Потребни се пет нови стартери во Јунајтед