Поврзете се со нас

Македонија

Второ засилување за „романтичарите“: Османовски e нов член на Работнички

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Работнички го претстави второто засилување за наредната сезона-тоа е Анес Османовски.

Османовски кој денеска го слави 21 роденден се одлучи да ја прифати понудата и да му се приклучи на клубот од Дебар Маало. Во изминатава сезона тој настапуваше за Борец каде одигра 15 натпревари во првата македонска фудбалска лига.

Инаку Анес е играч кој ја има поминато школата на Минхен 1860 и Унтерахинг.

-Анес Османовски е квалитетен фудбалер од средниот ред кој ја минал германската фудбалска школа во Минхен 1860, а потоа и во Унтерахинг. Успеавме да постигнеме договор да ни се придружи и лично се надевам дека ќе донесе квалитет плус и ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот. И во наредниот период продолжуваме со активности на трансфер-пазарот во пресрет на новата сезона, -вели спортскиот директор, Горан Станковски.

Романтичарите претходно го ангажираа и дефанзивецот Бојан Илиевски од Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни