Второ место за ДСУ Спортска академија на силниот турнир во Скопје

dsu sportska akademija

Кошаркарската селекција на ДСУ Спортска академија го освои второто место на меѓународниот турнир кој се одржа во Скопје, на кој учествуваа екипите на Арис, Лукоил Академик и Партизан.

Третото место припадна на екипата на Лукоил Академик, додека Партизан, со три победи, го освои првото место. За најдобар играч на турнирот беше прогласен играчот на Партизан Алекса Поповиќ, додека најдобар стрелец беше играчот на Академијата Леонид Тодоровски.

Пехарите ги доделија Тодор Гечевски, македонски репрезентативец и интернационалец, Златко Попоски, поранешен репрезентативец и член на Работнички, како и Јуруков Игор, претседател на Училишниот одбор на Академијата.

Спортска акедемија додели благодарници за несебичната поддршка на компаниите Триглав, Цеботекс и Пелистерка, за нивниот придонес во организацијата и реализацијата на овој турнир.

Беше задоволство да се биде домаќин на овој меѓународен кошаркарски турнир, имајќи предвид дека учествуваа младинските селекции на три реномирани клубови кои се спортски институции во своите држави. Се надевам дека ваквите настани ќе бидат мотив повеќе за дополнителна работа на младите играчи кај нас. Голема благодарност за Лазар Лечиќ, Марин Докузовски и Александар Петровиќ, кои директно се ангажираа за реализација на овој турнир, а секоја чест на менторите по кошарка од Спортска академија за нивниот ангажман во делот на организацијата, како и на судиската организација на МКФ. Ја истакнувам и логистиката од страна на нашиот колега од Спортската гимназија – Љупчо Станковски, кој несебично придонесе во успешната реализација на овој турнир,  – истакна директорот ДСУ Спортска академија, Дејан Јовановски.

Facebook Коментари