Италија
Вторите тестирања донесоа позитивни: Наполи потврди два корона-случаи во својот тим (Фото)
Неполн час откако Џенова ги објави најновите резултати од направените тестови за Ковид 19, со официјално соопштение излезе и Наполи, тимот кој последен играше против составот предводен од тренерот Маран во Серија А.
Поради корона кризата која настана во Џенова која веќе брои 19 заразени членови од коронавирус, сите претпазливи мерки се преземени и во клубот од Неапол, кој ова попладне ја информираше јавноста дека вторите тестирања покажале два позитивни резултати.
Откако пред два дена сите направени тестови врз играчите и стручниот штаб беа негативни, денеска има два позитивни случаи.
– Пјотр Зиелински и членот на стручниот штаб, Џјандоменико Кости имаат позитивни резултати на Ковид 19 по направените тестови во текот на вчерашниот ден.
Наполи исто така ја информираше јавноста дека ќе ги тестира фудаблерите и по трет пат пред со Јувентус, по што ќе се знае кои фудбалери ќе можат да настапат на дербито.
Што се однесува до македонската репрезентација, останува да чекаме добри вести кога е во прашање Елиф Елмас, бидејќи зачестените тестирања во наредните неколку дена ќе имаат огромно значење за фудбалската јавност во нашата земја во пресрет на дуелот со Косово.
Piotr Zielinski and staff member Giandomenico Costi have tested positive for COVID-19 following Thursday's round of testing.
— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) October 2, 2020
-
Светски првенства19 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
Репрезентација7 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Италија20 часа
Јувентус ќе дозволи трансфер на Камбијасо во Сити само под еден услов
-
Светски првенства21 час
Лазаров наброја низа фактори кои очекува да бидат клучни на натпреварот со Холандија
-
Англија19 часа
Халанд стави потпис на „гига-договор“ со Сити, фановите на премиерлигашот воодушевени
-
Евролига18 часа
Хезоња ги шокираше фановите со изјавата на полувремето на дуелот Реал-Олимпијакос (Видео)
-
Свет17 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси