Македонија
Вториот тим на Еурофарм се обиде да парира, Вардар запиша премиерна победа во ракометниот плејоф

По последните разочарувања во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, Вардар ова попладне мораше да се насочи кон првиот предизвик во плејоф фазата во македонската Суперлига, а иако наидеа на доста амбициозен противник, на крајот рутински ја одработи задачата.
Вториот тим на Еурофарм Пелистер секако имаше желба за докажување против македонскиот шампионо, но со исклучок на почетното водство, во продолжение постојано имаше негатива и загуби со 34:30.
Вардар највисока предност имаше во второто полувреме во кое стигна до плус седум, а потоа го одржуваше истото и му овозможи на тимот на Јовиќ да се избори за подостоен пораз.
Тренерот Стевче Алушовски денеска им даде шанса на играчите кои обично имаат помала минутажа, па со таков распоред на силите, до израз дојде искуството на Гоце Георгиевски кој беше убедливо најдобар на теренот со 11 постигнати гола.
Одличен во Вардар беше и Димитриоски со осум погодоци, додека на спротивната страна се истакнаа Петровиќ со седум и Дрогришки со шест погодоци зад своето име. За „црвено-црните“ ова беше премиерна победа во плејоф фазата во Суперлигата, нешто што претходно го остварија првиот тим на Пелистер, како и Бутел и Тинекс Пролет кој го шокираше Металург.

- Италијапред 16 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 16 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 15 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 15 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 15 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 17 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 12 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 17 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)