Поврзете се со нас

Европски купови

Вториот тим на Пелистер повторно загуби од Алпла Хард и го заврши настапот во Европа

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 доживеа уште еден пораз од Алпла Хард и со тоа го заврши настапот во квалификациите за Европската лига на ЕХФ.

Минатата седмица австрискиот претставник славеше на свој терен со 24-21, додека пак вечерва во Битола одново беше подобар за три гола и тоа со резултат 27-24. Фаворитот ги доби двете полувремиња, првото со 14-12, второто со 13-12.

Белистојаноски беше најдобар стрелец со шест гола, додека Петар Атанасијевиќ постигна четири погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни