Поврзете се со нас

Македонија

Вториот тим на МЗТ направи историја: Младите „штркови“ ја остварија првата победа во Првата лига

Објавено

на

Откако минатата година воодушеви во втората кошаркарска лига и доминатно оствари историски пласман во Првата лига, вториот тим на МЗТ Скопје денеска испиша и историска прва победа во елитното друштво.

По четирите порази во претходните четири меча, младите „штркчиња“ денеска ги запишаа своите имиња во историјата на македонската кошарка, бидејќи станаа најмладиот тим кој остварил победа во најсилна конкуренција.

Уште поимпресивно е тоа што МЗТ Скопје Уни Банка оствари триумф над актуелниот лидер во Првата лига, тимот на Академија ФМП кој потклекна на гостувањето во Аеродром.

По неизвесниот старт и резултатската „вртелешка“ на семафорот, младите играчи на МЗТ ја преземаа иницијативата во втората четвртина, а потоа до крајот сигурно ја одржуваа предноста и петтиот меч се претвори во нивна среќа за прва и историска победа во Првата лига (88:77).

Лука Савичевиќ со 21 поен зад своето име беше најефикасен на паркетот, Монтгомери уфрли два поени, а на спротивната страна со 18 поени мечот го заврши Атанасов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни