Вториот тест со Грузија положен на потежок начин: Поповски со звукот на сирената донесе победа за Македонија

pesevski-gruzija

Македонската ракометна репрезентација успешно ги заврши двата тест натпреварит против Грузија, со тоа што овој вториот кој се одигра ова попладне беше драстично потежок, бидејќи победата беше извојувана со звкуот на сирената.

Младите избраници на Данило Брестовац вчера победија со 25:21, но затоа денеска победникот беше неизвесен до самиот финиш, кога Поповски со звукот на сирената погоди за 29:28 за тримуф на нашиот тим. Ако вчера беше неизвесно првото полувреме, денеска се променија нешата и далеку повозбудливо беше во вториот дел, бидејќи Македонија дозволи брзо да го испушти водството од три гола кое го имаше на паузата (17:14).

Лошото отворање на второто полувреме им дозволи на Грузијците да дојдат во ситуација да се игра „гол за гол“, а иако со голот на Шкровебадѕе се чинеше дека мечот ќе заврши нерешено, погодокот на Поповски и донесе победа на Македонија со последниот звук на сирената во „Борис Трајковски“.

Филип Талески беше најефикасен во нашиот состав со 7 голови, а херојот Поповски и Димитриоски го завршија натпреварот со по шест гола.

Facebook Коментари