Атлетика
Вториот најбрз човек во светот: Подобро да ги пропуштам Олимписките игри отколку да се вакцинирам!

Јохан Блејк важи за втор најбрз човек на сите времиња и секако ќе остане запаметен по тоа што остана во сенка на својот сонародник Јусеин Болт, но и по фантастичните времиња кои ги оствари на делниците од 100 и 200 метри.
Јамајканецот има втори најдобри времиња на двете најкратки делници во историјата и за разлика од Болт, тој се уште е активен во атлетиката, но како искусен спринтер кој веќе има 31 година, најави дека нема да учестува на летните Олимписки игри во Јапонија доколку се постави условот кој го најавуваат спортските власти.
Олимпијадата која требаше да се одржи минатата година беше одложена и презакажана за претстојново лето поради коронавирусот, но во првите најави за големото случување во Токио, Блејк навести дека може да го пропушти истото доколку се постави ултиматум до учесниците.
Европската унија веќе најави Ковид пасоши за сите оние кои ќе сакаат да патуваат претстојното лето, а бидејќи не се исклучува имунизација и за сите учесници на Олимписките игри, Блејк е првиот кој го крена гласот против оваа идеја.
– Се уште се држам до својот став, не ја поддржувам вакцината против Ковид 19. Подобро да ги пропуштам Олимписките игри отколку да се вакцинирам. Јас сум среќен и вака, нема да објаснувам зошто не сакам, но имам свои причини, – изјави Јамајканецот кои има времиња од 9,69 и 19.26 секунди на 100 и 200 метри.

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 23 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 22 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Англијапред 24 часа
Фудбалерите го креваат гласот: Хендерсон ќе ги собере сите капитени и ќе ги обедини против Супер лигата
- Италијапред 21 час
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 10 часа
Пике со прва реакција откако шесте англиски премиерлигаши го „закопаа“ проектот на Флорентино (Фото)