Атлетика
Вториот најбрз Британец во историјата ќе дебитира на СП во боб санкање

Поранешниот британски атлетичар Џејмс Дасаолу претстојниот викенд првпат ќе ја претставува својата земја на Светското првенство во боб.
33-годишниот Дасаолу е втор најбрз спринтер во британската историја, а од неодамна реши да го замени спортот, избирајќи го боб санкањето како најдобра опција да го потврди својот потенцијал и на друго поле.
Дасаолу ќе се натпреварува заедно со олимпискиот учесник Ламин Дин во боб двосед на СП, на натпреварите планирани за време на викендот во Австрија.
Тој дебитираше во новиот спорт на Европа куп натпреварувањето, каде заедно со Дин го освоија осмото место.
Дасаолу во атлетската кариера истрча 100 метри за 9,91 секунди, а побрз Британец од него е само Линфорд Кристи, кој во 1993 година оваа делница ја истрча за 9,87 секунди.

- Англијапред 23 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 22 часа
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 21 час
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 24 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 22 часа
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!
- Шпанијапред 24 часа
Меси изрежира уште една мајсторија, Барселона лесно до трите бода против Елче (Видео)