Балкан
„Втората звездина звезда“ доби споменик на Маракана: Легендарниот Шекуларац вечно ќе биде составен дел од Црвена Звезда
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2024/12/sekularac1.jpg)
Црвена Звезда како клуб организираше специјален и свечен чин пред денешниот натпревар против Текстилац во Првата лига, бидејќи причина за собирот беше инаугурирање на споменикот кој му е посветен на Драгослав Шекуларац.
„Втората звездина звезда“ доби споменик на западната страна на стадионот и денеска истата можеа да ја видат навивачите на клубот, кои уште пред седум години можеа да сведочат на сличен чин во чест на „првата звездина звезда“, Рајко Митиќ.
Шекуларац постхумно добива огромна чест од Црвена Звезда поради фактот што важеше за „крал на дриблинзите“ на овие простори, но и поради фудбалската страст за која клубот вели дека не можела да се пронајде кај ниту еден друг играч во историјата.
Драгослав е роден во Штип на 8-ноември 1937-ма година и во својата кариера 369 пати го носеше дресот на Звезда, но покрај 115-те постигнати гола и осумте освоени титули, најголем епитет за легендарниот Шекуларац е тоа што важи за еден од најдобрите играчи во историјата на „црвен0-белите“.
Споменикот кој денеска беше претставен на Маракана е изработен од Ливница Јеремиќ, но станува збор за дело на академскиот вајар и познат звездаш, Томо Коматина.
View this post on Instagram
-
Светски првенства15 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија21 час
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија15 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства15 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија19 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Англија20 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет20 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот
-
Германија20 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)