Поврзете се со нас

ВТА

Втора убедлива сингл победа за Ѓорческа во еден ден

Објавено

на

Лина Ѓорческа не дозволи негативно влијание на набиениот распоред на турнирот во Лиепаја и неколку часа по првиот, оствари и втор триумф во сингл конкуренција.

Откако за 61 минута, најдобрата македонска тенисерка ја совлада Белгијката Магали Кемпен со 6:2/6:2, во четвртфиналето славеше и во дуелот со Италијанката Федерика Арчидиаконо.

Во борбата за полуфиналето, на Лина и беа потребни само 58 минути да освои два сета и го доби мечот со уште поубедливи 6:1/6:0, обезбедувајќи си влез меѓу најдобрите четири во сингл на турнирот во Летонија.

Таму противничка ќе и биде подобрата од мечот Шиманович-Хелго.

Ѓорческа треба да го одигра и полуфиналето во дубл заедно со Унгарката Лукач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни