Македонија
Втора тренерска смена во еден ден: Шкупи му се заблагодари на Ѓока
Новата работна недела стартуваше бурно во македонскиот фудбал, бидејќи по неочекуваната тренерска смена во Вардар, голема промена прави и Шкупи.
Клубот од Чаир освои само еден бод во првите две кола и остави навистина бледа слика на теренот, а вчерашниот пораз од Гостивар резултираше со промена во стручниот штаб.
Шкупи вечерва информираше дека дошло до разделба со Ернест Ѓока, па сега клубот ќе мора да бара адекватна замена на стартот на новата натпреварувачка сезона.
– Управата на Шкупи денеска ја објави одлуката за разделба со тренерот Ернест Ѓока. По важен период на соработка, двете страни спогодбено решија да го затворат ова поглавје со целосно разбирање. Клубот изразува благодарност за придонесот на Ѓока и му посакува успех во кариерата, – гласи соопштението.
Шкупи вчера загуби од Гостивар со резултат 2:0, а во првото коло освои само бод во дуелот со Воска Спорт (3:3).
-
Лига на шампионипред 17 часа
Баерн со непријатно изненадување за Ристовски и Адеми: Можете само да се сликате на „Алијанц арена“ (Фото)
-
Лига на шампионипред 20 часа
Алисон распали по новиот формат во пресрет на премиерното коло во ЛШ: Не сме глупави!
-
Светпред 16 часа
Ракитиќ излезе со поинаква изјава за Саудиска Арабија од сите ѕвезди кои се вратија во Европа
-
Светпред 13 часа
Ништо од Серија А: Перишиќ пред преселба во далеку послаба лига во Европа
-
Шпанијапред 14 часа
Гути без размислување го „испука“ играчот на Барса кој би го купил за актуелниот тим на Реал (Видео)
-
Лига на шампионипред 15 часа
Сидорф: Тимот кој треба да се победи е Реал, но има два клуба кои можат да го предизвикаат за трофејот во Европа
-
Светпред 18 часа
Марсијал конечно пред реализација на трансфер, ќе стане најплатен играч во историјата на „двоглавите орли“
-
Шпанијапред 18 часа
Родригез-манија во Мадрид: Хамес се врати во Ла Лига и ги стресе трибините на „Валјекас“ (Видео)