Втора титула за „триколорите“: Французите ја прегрнаа „Златната божица“ (Видео)

gol francija

Репрезентацијата на Франција е новиот светски шампион и тоа откако денеска во Москва во завршниот меч ја совладаа селекцијата на Хрватска со 4-2.

Мечот на „Лужники“ донесе многу возбудувања, хрватите ја имаа топката повеќе во своите нозе, упатија повеќе удари од противникот, но четата на Дидие Дешамп си ги искористи своите шанси и дојде до титулата која е втора во нивната историја на мундијалите.

Двете полувремиња „галските петли“ ги добија со 2-1, па така Гризман и Манџукиќ (автогол) стрелаа во првиот, а Погба и Мбапе во вториот, односно на спротивната страна на вистинското место се најдоа Перишиќ во 28 и Манџукиќ во 69 минута.

Ова за Хрватите е најголем успех во нивната историја, додека пак Французите уште еднаш покажаа дека имаат одлична генерација која е супер квалитетна и шампионска.






Facebook Коментари