Поврзете се со нас

ВТА

Втора титула оваа година: Ѓорческа победнички го заокружи турнирот во Ираклион

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа е победник на ИТФ фјучерсот во Ираклион (Грција).

Ѓорческа имаше фнтастични изданија во текот на оваа седмица, а истите ги круниса со пехар кој го обезбеди откако во завршниот меч беше подобра од четвртата носителка, Мириам Бјанка Булгару.

Скоро два часа траеше финалето на теренот Сакари, битка во која Лина освои 13 поени повеќе од Романката (75-62), имаше подобра реализација на брејк топките (5/10 наспроти 3/7) за конечни на крајот 6-3 и 6-4.

Ова за тетовката е втора титула во 2022 година, првата ја освои во двојки во Санта Маргерита Ди Пула во април. Кога е во прашање сингл конкуренцијата за Ѓорческа ова е прво славје од 2019 година кога двапати триумфираше во Анталија на фјучерсите со вредност од 15.000 долари.

Инаку овој турнир се играше на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари. Воедно треба да се каже дека Македонката тука играше и за пехарот во двојки, ама со Деа Херџелаш беа надиграни од Лиа Каратанчева и Оана Гаврила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни