Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Втора седмица по ред: Двојната бравура на Митревски во Скопје е одбрана на колото во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Ремито меѓу Вардар и Порто во „Јане Сандански“ ги разочара верните симпатизери на европскиот првак поради фактот што вардарци примија гол во послендата секунда, но ако се погледен овој меч од репрезентативен аспект, македонските љубители на ракометот можат да бидат презадоволни.

Борко Ристовски и Никола Митревски демонстрираа дека се во страшна форма што е секако голем плус за селекцијата, па ако голманот на Вардар го заврши натпреварот со 18 успешни интервенции и 4 голови, чуварот на мрежата на Порто запиша 11.

Митревски можеби брани и во животна форма и со своите партии во Лигата на шампионите ги импресионира фановите на португалскиот тим, кои втора седмица по ред гледаат како македонскиот голман ја има најдобрата одбрана на колото во елитното натпреварување.

Откако минатата седмица со бравурата против Пик Сегед се избори за кандидатура за одбрана на сезоната, Митревски сега одново е на тронот на ЕХФ, бидејќи неговата двојна одбрана против Јотиќ е избрана за најдобра во оваа рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни