Поврзете се со нас

Македонија

Втора лига: Вардар убедлив против Саса, сигурни победи и на ривалите

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FKVardarSkopje

Вардар љубоморно го брани првото место на табелата во Втората лига и отвори триумфално по паузата која, бидејќи попладнево го скрши отпорот на Каменица Саса со два гола во завршницата.

„Црвено-црните“ рано поведоа со голот на Десниќ во првиот дел, но Саса пружи отпор и потклекна комплетно дури во самиот финиш кога Вардар постигна уште два гола во мрежата на гостите.

Размоски и Митев ги постигнаа головите за конечни 3:0, триумф кој само потврдува дека тимот на Грнчаров е во одлична форма и извонредно одговара на тешките финансиски проблеми кои ги има клубот.

Покрај Вардар, денеска победи остварија и сите останати фаворити. Гостивар беше подобар од Беласица со 0:3, Воска Спорт славеше со 1:3 кај Слога Виница, а Пелистер на донашен терен триумфираше над Детонит со 2:0.

Вардар има 55 бода како првопласиран, два повеќе од Воска, односно четири од Гостивар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни