Велосипедизам
Втора голема победа во кариерата: Колумбиецот Бернал триумфираше на Џиро Д’Италија

Еган Бернал успеа да одолее на нападите и ја одбрани розевата маичка во Милано, па така стигна до својата прва титула на Џиро Д’Италија која сепак не е негова најголема во неговата кариера.
Младиот колумбиски возач пред две години славеше на Тур Де Франс и со златни букви го запиша своето име во историјата на најлегендарната велосипедска трка, а оваа година покажа дека поседува страшен потенцијал и на најпрестижната трка во Италија.
По 20 извозени етапи, Еган пристигна на завршниот индивидуален хронометар во Милано со предност од две минути во генералниот пласман, па иако загуби 30 секунди на денешната етапа, сепак неговата победа на Џиро во ниту еден момент не беше доведена во прашање.
Бернал мина низ целта со подигнати раце и ја одбрани розевата маичка која традиционално ја носи лидерот на најважната трка на Апенините, а тоа значеше почетокот на големото славје за Колумбиецот.
Домашниот возач Дамијано Карузо заврши втор во генералниот поредок со заостанува од 1 минута и 29 секунди, додека место на пиедесталот имаше уште за Симон Јејтс од Британија.
-
Шпанијапред 17 часа
Огромна промена: Реал Мадрид го замени главниот спонзор со уште поголем гигант
-
Италијапред 22 часа
Игуаин за проблемот во Италија: Јувентус ангажираше фотограф за мојата тежина
-
Англијапред 18 часа
Кепа го избра најдобриот светски голман и испофали еден досегашен соиграч: Реал доби огромно засилување
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ го активира планот Б откако остана без примарната трансфер цел
-
Англијапред 9 часа
Синклер: Постојат три причини за заминувањето на Мане од Ливерпул, главната е Клоп
-
Светпред 22 часа
„АС“: Роналдо се премислил и сака да си оди од Јунајтед, се отвора можност за сензационален трансфер
-
Италијапред 17 часа
Канаваро со бомбастичен трансфер предлог до Наполи: Ако бев на местото на Де Лаурентис……
-
Германијапред 20 часа
Нагелсман останал изненаден од скромниот Мане на првиот состанок: Тоа не се случува со големите засилувања