Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Втора епизода: Консеисао и Артета влегоа во жесток клинч по крајот на осминафиналето (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCPorto

Арсенал и Порто понудија голема драма и тензија и нивните два меча траеја 210 минути, па на крајот решаваа ударите од 11 метри во кои поуспешни беа домаќините од Северен Лондон.

„Топчиите“ успеаја да ја анулираат негативата од Португалија со голот на Тросар и резултатот 1:0 беше активен до 90-та минута, а остана така и по 120 минути игра.

Избраниците на Микел Артета беа помирни во пенал рулетот и тоа посебно важеше за голманот Раја, па откако беше означен крај на мечот, домаќините славеа, а гостите со наведнати глави мораа да го напуштат теренот.

Со оглед на нервозата која се создаде уште по крајот на првиот меч, беше јасно дека ќе има препирки по крајот на реваншот, а посебно лут беше Серхио Консеисао кој му се нафрли на Артета.

Двајцата тренери вербално се „зајадоа“ уште по првиот меч на „Драгао“, но сега Консеисао отиде чекор подалеку и му се втурна во лице на Артета и влезе во жесток клинч со Шпанецот.

Видеото погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни