Поврзете се со нас

Европски првенства

Втор триумф на „црвено-жолтите“: Македонија најде решение за жилавата Словачка во „Кале“

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација ја издвојува втората победа во претквалификациите за Евробаскетот во 2025 и тоа против селекцијата на Словачка која беше совладана во СРЦ „Кале“ со 79-75.

Словаците се покажаа како жилав и незгоден противник особено откако ја добија првата четвртина со 26-19, па потоа постојано го контролираа резултатот и водството до завршниот период.

Тука избраниците на Јончевски ги одиграа најдобрите десет одбранбени минути, примија само 12 поени, додека во нападот одговорноста ја преземаа Јакимовски и Димитријевиќ, па со пресврт дојдовме до значајно славје и перфектен учинок во групата исто како и Норвешка која денеска ја прегази Данска (99-75).

Димитријевиќ со 20 поени беше најефикасен, зад своето име додаде уште 4 скока и 7 асистенции. По 15 кошеви уфрлија Јакимовски и Стојановски, додека Ѓуроски застана на 12 поени.

Кај поразените прв стрелец беше Мокран со 18 поени и 11 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни