Поврзете се со нас

Европски првенства

Втор предизвик за нашите судии: Начевски и Николов ќе го судат дербито во групата Д

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија втората задача на 15. ракометно Европско првенство кое се одржува во Унгарија и Словачка.

Николов и Начевски се делегирани за денешното дерби во Братислава меѓу Германија и Полска, дуел кој одлучува за првата позиција во групата Д. Двете селекции забележаа по две победи со тоа што Полјаците беа поубедливи и во моментов се на првото место на табелата.

Се очекува да биде тешко и неизвесно, а за се да мине во најдобар ред ќе треба да се погрижат најдобрите македонски судии.

Инаку претходно Славе и Ѓорѓи беа главни на дуелот меѓу Словачка и Литванија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни