Поврзете се со нас

СЕХА лига

Втор пораз во СЕХА лигата: Вардар падна во Нашице

Објавено

на

Ракометарите на Вардар го претрпеа вториот пораз во четвртиот натпревар во групата Б во СЕХА лигата.

„Црвено-црните“ овојпат загубија во Нашице од Нексе со 36-32 во меч во кој противникот беше подобар во двете полувремиња. Првите 30 минути донесоа изедначена игра во која домаќините беа за нијанса подобри (15-14), но во продолжението Нексе покажа уште повеќе, во одредени моменти имаше и плус шест и на крајот дојде до триумф во својот дом.

Дибиров со 9 гола беше прв стрелец за Вардар, состав за кого Ристовски забележа 9 интервенции. Кај победницот Цар имаше 16 одбрани, а пак Јагањац и Кевиќ дадоа по 8 погодоци.

Вардар се враќа во Скопје каде за два дена ќе го пречака украински Мотор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни