Поврзете се со нас

Свет

Втор фудбалер на ПСЖ прифати преселба во Катар

Објавено

на

Клубовите од Саудиска Арабија го украдоа шоуто во последниот преоден рок, но изминативе денови активност покажуваат и ривалите од Катар.

Откако стана јасно дека Марко Верати го напушти ПСЖ и потпиша за катарскиот клуб Ал Араби, денеска сличен потег направи и негов досегашен соиграч.

Се работи за германскиот интернационалец Јулијан Дракслер, кој долго време се поврзуваше со повеќе клубови, па и враќање во својата земја, за на крајот да ја прифати понудата на катарски Ал Ахли.

Првично Дракслер ја одбил понудата и му соопштил на клубот дека сака да остане во Париз поради семејни причини, за на крајот да се сложи да настапува во Катар, а ПСЖ ќе добие 20 милиони евра од овој трансфер.

Германецот го засили ПСЖ во 2017 година, а минатата сезона ја мина како позајмен играч во редовите на Бенфика.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни