Млади спортисти
Врсничкото насилство тема на утрешната работилница на „Макпетрол“ со родителите од Ѓорче Петров

Десеттата работилница за родители во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ ќе се одржи утре (3 март) во Ѓорче Петров. Едукативната средба, што е дел од „Крени глас против врсничко насилство“, ќе се одвива во Домот на културата на општината, а нејзиниот почеток е закажан за 18 часот.
Различните форми на булинг, како тие да се препознаат и начините за соодветно постапување ќе бидат дел од дискусиите на овој настан. Темата од стручен агол ќе биде обработена од психологот Деспина Стојановска, а работилницата ќе ја води актерот Сашко Коцев.
Целта на овие настани е едукација за врсничкото насилство, односно за неговото влијание врз децата и врз учениците и како родителите би можеле да придонесат во препознавањето и во решавањето на ваквите случаи. Освен тоа, работилниците се и простор за споделување на личните искуства и приказни поврзани со булингот, како и дискусија на оваа тема со психологот. Дел од средбите се и членови на стручните служби на училиштата во општината, кои најдиректно работат со учениците во случаи на врсничко насилство.
Преку работилниците што ги организира, „Макпетрол“ создава платформа за јавна комуникација меѓу најзасегнатите страни, а со цел да се подобри ситуацијата со булингот. Пред утрешниот настан во Ѓорче Петров, вакви средби се одржаа и во Кавадарци, Крива Паланка, потоа во Штип, каде што имаше учесници и од Свети Николе, во Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Центар, Куманово, како и во Кочани, која беше наменета и за граѓаните од Виница и од Берово.
Во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, се приклучија 26 општини со кои што македонската компанија потпиша меморандуми за соработка. Во рамки на овие активности беа организирани работилници за ученици во повеќе од 150 основни училишта. Како дел од едукативните средби, учениците имаа можност од психологот да слушнат како да се справат со булингот, но и да споделат свои гледишта и искуства по ова прашање.
Интернет-страницата kreniglas.mk е главен сегмент на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Вебсајтот функционира како платформа што содржи голем број информации за врсничкото насилство. Оваа едукативна содржина овозможува да се препознаат случаите на физичко, вербално, психичко, социјално и сајбер-насилство, кои се најчести форми на булинг. Достапни се и дигитални прирачници за ученици, наставници и за родители.
Еден од главните стратешки приоритети на „Макпетрол“ е општествената одговорност. Со активностите што се дел од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ компанијата сака да придонесе да се зголеми јавниот интерес и да се работи на решенија на проблемот со булингот. Значаен дел од општествено одговорните активности на „Макпетрол“ и во иднина ќе биде посветен на младите.
-
Македонија18 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија22 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија20 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Шпанија24 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Европски првенства20 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 119 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА24 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)
-
Свет14 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)