Поврзете се со нас

Англија

Врската Рашфорд-Асенсио одлично функционира, Астон Вила прв патник во четвртфиналето на ФА Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/EmiratesFACup

Премиерлигашот Астон Вила е прв пат во четвртфиналето на ФА Купот, фаза до која дојде по вечерашната победа над Кардиф од 2-0.

Избраниците на Емери имаа статус на големи фаворити, статус кој го потврдија на теренот на „Вила Парк“ со двата погодоци на зимското засилување Марко Асенсио.

За првиот гол се чекаше до 68 минута кога Рашфорд испрати топка до Шпанецот која Асенсио ја искористи и со тоа само потврди дека одлично се разбира на теренот со повремениот англиски репрезентативец.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 80 минута кога Асенсио со завршница во негов стил донесе голема среќа и задоволство на навивачите во Бирмингем.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни