Врсаљко: Англичаните нè потценија, сега може да се…

vrsaljko

Шиме Врсаљко повторно беше меѓу најборбените на теренот и меѓу најзаслужните што Хрватска елиминираше уште еден противник на СП во Русија. Фудбалерот на Атлетико Мадрид по дуелот во Москва истакна што било решавачки за победата.

– Бевме свесни дека не очекува тежок натпревар, а и рано примивме гол. Потоа игравме подобро, ја преземавме контролата и беше само прашање кога ќе постигнеме гол.

– Физички сме одлично подготвени, а влијание имаше и мотивацијата. Сепак она што одлучи е нешто што често се случува во спортот, ако потцениш некого тоа ќе ти се удри од глава, а вечерва тоа и се случи на Англија. Најлесно е да се зборува пред натпреварот, но денеска ние зборувавме на терен, а тие сега може да одат и да се сончаат ако сакаат, – истакнал Врсаљко.

Facebook Коментари