Врие во Париз: Вработен во ПСЖ со невкусен коментар го „поздрави“ Нејмар (Видео)

nej-trenerka

Нејмар ги разлути фановите на ПСЖ со самоиницијативното барање кое го достави до клубот за трансфер ова лето, но додека одговорните луѓе на „светците“ работат на случајот и преговараат со неколку важни клубови од Европа, во Париз станува се пожешко и атмосферата е се понепријатно од ден во ден.

Тухел не смета на Нејмар за првенствените натпревари и веќе Бразилецот доби навреди од страна на фановите на ПСЖ, а сега напаѓачот доби недолични коментари  и од еден вработен во тренинг комплексот на францускиот шампион кој во повеќе наврати му додели „комплимент“ на големата ѕвезда.

– Нејмар ти си платеник, Нејмар платенику, – му порача работникот на Нејмар, по што само станува јасно дека Бразилецот е веќе персона нон грата и во тренинг комплексто на ПСЖ.

Facebook Коментари