Поврзете се со нас

Франција

Врховниот суд во Франција не ја прифати жалбата на Лион, но ја поништи одлуката за испаѓање во втора лига

Објавено

на

Француската Лига 1 беше најнетрпелива и прва прогласи крај на сезоната по 28 комплетирани кола, одлука со која шампионската титула му се додели на ПСЖ, а место во Лигата на шампионите добија Марсеј и Рен.

Најоштетени во оваа ситуација останаа Лион кој нема да има излез во Европа, како и Амиен и Тулуз кои не добија вистинска шанса да се борат за својот опстанок.

Сепак, ваквата одлука на Федерацијата и Лига 1 денеска беше разгледана од Врховниот суд во Франција, а истиот одлучи дека жалбата на Лион се одбива, но не и онаа на Амиен и Тулуз.

Судот потенцира дека одлуката за прекинување на првенството е правно издржана, но не и испаѓањето на двата тима чија судбина сега е навистина неизвесна.

Федерацијата веќе ги промовираше Лориен и Ленс како прволигаши за наредната сезона, па по се изгледа, најбезболно решение ќе биде француската Лига 1 наредната сезоан да започне со 22 тима.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни