Време е за промена: Андерсон испрати интересен предлог до АТП по исцрпувачкиот меч со Иснер!

anderson-isner

Кевин Андерсон е првиот финалист на грен слем турнирот во Лондон, откако вчера излезе како победник во исцрпувачкиот и историски полуфинален меч со Џон Иснер кој траше 6 часа и 35 минути.

Тенисерот од Јужна Африка го доби петтиот одлучувачки сет со 26:24, а овој меч влезе во историските читанки на Вимблдон како втор најдолг меч на сите времиња и најдолго полуфинале на неофицијалното светско првенство во тенис. Андерсон на крајот се покажа како повешт во дуелот на „бомбардерите“ и успеа да направи брејк при резултат 24:24 во последниот сет, а потоа на свој сервис стави крај на лудиот трилер на кој едноставно не му се гледаше крајот.

Андерсон покажа класа по крајот на мечот и порача дека жали за тоа што и двајцата не можеа да се најдат во големото финале, но од друга страна пак, испрати интересен предлог до првите луѓе на АТП за избегнување на вакви ситуации. Африканецот е среќен што ќе игра во големото финале во недела, но сепак не знае колку ќе биде физички подготвен после неверојатниот маратон, меч за кој самиот тој вели дека мора да ја разбуди свеста кај првите луѓе во овој спорт.

Кевин е убеден дека мора да се игра тајбрејк во завршниот сет после одредено време за да не се игра до бесконечност, нешто што не им оди во прилог ниту на тенисерите, ниту на фановите.

– Нозете многу ме болат во овој момент и стапалата ми се отечени. Никогаш не сум играл волку долг меч, во нормални услови, после мечот излегувам на терен и го удирам топчето уште половина час. Не знам во каква состојба ќе бидам во недела, ќе видиме како ќе одговори моето тело, – истакна Андерсон на пресот и додаде.

– Се надевам дека ваков дуел во полуфинале е знак за пормена. Наместо играње на разлика до бесконечност, најубаво е да постои некоја гарница. На пример, ако биде 12:12 во одлучувачкиот сет, убаво би било да има тајбрејк. Мислам дека тоа би било навистина фер, најголем број од мечевите н би дошле до тој степен, а здравјето на тенисерите ќе биде заштитено. Да се биде на теренот волку добро не е воопшто здраво, а ниту интересно. Ова е веќе смешно, – заклучи Андерсон.

Facebook Коментари