Време е за акција на фановите на ПСЖ: Келаифи и Емери дајте му шанса за 1 минута настап на Бен Арфа поради…

ben-arfa

Хатем Бен Арфа, некогашен челн на Њукасл, Лион и Марсеј беше доведен како едно од големите засилувања на ПСЖ, но наместо борба за местата во стартната постава, брзо стана јасно дека одличниот крилен напаѓач ќе има пеколен престој во француската престолнина каде си направи огромни проблеми со тренерот Унаи Емери.

Хатем Бен Арфа ќе мора да почека до крајот на сезоната за да замине од ПСЖ, а престојот во овој француски клуб ќе го памети по фактот што долго време не е во комбинација за настап во првиот тим, односно нема настапено на ниту еден натпревар.

Според француските медиуми, причина за вакавата позиција е неговото дрско однесување и навредите на сметка на тренерот Емери и претседателот Ал Келаифи, нешто што тој индиректно го потврди и на социјалните мрежи каде објави фотографија со славје од една година надвор од фудбалските терени и забранет настап во редовите на ПСЖ.

Но, сепак како фудбалер кој барем оставил позитивен впечаток кај своите фанови и фановите на ПСЖ, тие како благодарност кон него покренаа иницијатива на социјалните мрежи, која стана вирална со хаштагот  „HatemChampion“ за да му се укаже шанса и да добие шанса за барем  настап од 1 минута, пред се поради можноста за да се закити со шампионски медал.

 

Facebook Коментари