Поврзете се со нас

Европски првенства

Врањеш: Македонија е најлошиот противник кој може да го добиете за старт на еден голем турнир

Објавено

на

Љубомир Врањеш е добро познато име во ракометната спортска јавност, а како предводник на словенечката ракометна репрезентација, тој ќе биде прв противник на Кирил Лазаров и македонската репрезентација на претстојното Европско првенство.

Македонија ќе ги одмери силите со Словенија на отворањето на групата А на 13-ти јануари, натпревар кој е прв на листата на поставени цели за овој шампионат кој се очекува да биде навистина интересен и изедначен.

Врањеш вели дека Македонија е еден од најлошите противници кои може да ви се паднат на старт на едно големо натпреварување, бидејќи традиционално низ годините, познато е дека „црвено-жолтите“ ги нудат најдобрите партии на почетокот на турнирот.

– Сакам да си поставиме реални цели за ова Европско првенство. Ние го немаме најдобриот тим, не сме најдобра репрезентација, но секогаш можеме да изненадиме. Наша прва вистинска цел е победа над Македонија.

– Но, ако ги погледнеме Македонците и нивните први натпревари на големите турнири, тие се најверојатно најлошиот прв противник кој може да го посакате. Свесни сме за тоа и се подготвуваме за мечот со нив. Важно е да останеме реални, а истовремено ракометарите да веруваат дека се способни на се, – вели Врањеш во интервјуто за „Сиол“.

– Македонците се силна репрезентација, брзо знаат да бидат понесени од емоции, многу се горди и навистина играат со сето срце за својата репрезентација. Ова е најголемата опасност за нас. Секогаш се опасни на првите натпревари, тие се добар тим, но и ние. Имаат и добри кружни напаѓачи кои се многу силни. Не знам колку ќе игра Кирил Лазаров кој е одличен ракометар, но исто така, не може сам да го добие натпреварот. Почнуваат да играат брз ракомет и ако и нивните голмани се расположени, тогаш ќе бидат опасни, – завршува Врањеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни