Европски првенства
Врањеш и посака среќа на Македонија по возбудливиот меч: Ова беше балканско дерби….
За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов
Љубомир Врањеш ги издвои освоените два бода како најдобра вест од натпреварот против Македонија, бидејќи нашата селекција му нанесе навистина големи главоболки во текот на 60-ти минути на пресметката во Дебрецин.
Младите ракометари на селекторот Кирил Лазарво понудија фајтерска битка и со храбро издание го измачија фаворитот, па дефинитивно имаат и за што да жалат со оглед на тоа што на моменти беа и навистина подобар противник.
На крајот пресуди искуството во корист на фаворитот и Словенија ги запиша првите бодови во групата, во која до крајот ние ќе ги одмериме силите и со Црна Гора и Данска.
– Беше тешко за нас денеска, Македонија игра добро, направи работите да бидат навистина тешки за нас. Покажавме дека сме добар тим и успеавме да се снајдеме на теренот. Видете, зборуваме за балканско дерби, знаевме дека ќе биде тешко против Македонија.
– Задоволен сум од двата поени, ова е прв меч, сметам дека играчите покажаа добра ернгија, се бореа и дадоа максимум. Немавме ефикасност каква што сакавме пред голот, но тоа може да се подобри. Тоа е единствената негативна работа, но како и да е, два бодата бода се кај нас. И посакувам на Македонија се најдобро на следните натпревари, а ние ќе се обидеме да бидеме подобри на теренот на средбите кои претстојат, – изјави селекторот Врањеш на пресот.
-
Лига на нации12 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
Балкан24 часа
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации14 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации13 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации24 часа
Донарума делеше совети за своите соиграчи, Кимих и Мусиала го повторија „корнерот од Енфилд“ (Видео)
-
Македонија8 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)