Поврзете се со нас

Европски првенства

Врањеш: Данска загуби од Македонија, задоволен сум од ждрепката

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација доби два исклучително тешки противници во првата фаза на Европското првенство кое ќе се игра на стартот на 2022-ра година, бидејќи покрај Црна Гора која се претставува како аутсајдер, силите ќе ги одмериме со актуелниот светски првак Данска и Словенија.

Новата репрезентација предводена од Кирил Лазаров покажа дека може да се носи со Данска на домашен терен и приреди огромно изненадување, па тоа секако ќе биде добар потстрек за надигрување на континенталниот собир, на кој и Словенија ќе влезе како фаворит во пресметката со нашата селекција.

По извршената ждрепка, националната радио телевизија во Словенија направи онлајн интервју со селекторот Љубомир Врањеш, кој порача дека е задоволен од добиените противници без оглед на тоа што ќе го има најголемиот предизвик уште на стартот.

– Ждрепката ни го донесе светскиот првак и селекција која е најдобра во светот. На пресметката со Данска гледам како на предност, тоа значи дека уште на стартот ќе мора да играме на највисоко ниво.

– Данците загубија од Македонија на квалификацискиот меч неодамна, што значи дека и Македонците немаат лош тим. Не треба да се отпишат ниту Црногорците. Секој натпревар ќе бара максимално залагање, сите натпревари ќе бидат дерби средби. Без оглед на се, задоволен сум и мислам дека добивме добра група, – изјави Врањеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни