Поврзете се со нас

Италија

Враќање на „вештерките“: Беневенто обезбеди пласман во Серија А

Објавено

на

blank

Екипата на Беневенто вечерва славеше над Јуве Стабија со минимални 1:0 и го потврди враќањето во Серија А на седум кола пред крајот на втората италијанска лига.

Беневенто од клупата е предводен од Пипо Инѕаги, па ако нема неочекуван пресврт, браќата Инѕаги следната сезона ќе водат екипи во најквалитетното италијанско првенство.

За Беневенто ова ќе биде само втора сезона во Серија А, по таа во 2017/18, а стана само втор клуб на кој му успеало да го потврди пласманот во елитата со седум неодиграни натпревари.

Вечерва, тимот на Пипо славеше иако голем дел од средбата имаше фудбалер помалку на теренот, а решавачкиот момент беше одличниот индивидуалниот потег на искусниот Марко Сау.

Како подарок за навивачите на „вештерките“, раководството веќе го обезбеди потписот на Лоик Реми, кој пристигна во италијанскиот град и утре ќе ги мине лекарските прегледи во идниот член на Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни