Олимписки игри
Вознемирувачка сцена од ОИ во Пекинг: Финец со скиите „слета“ на камерманот кој снимаше крај патеката (Видео)

Вознемирувачки инцидент се случи во денешната програма од Олимписките игри во Пекинг кој за среќа помина без посериозни последици.
Финскиот фристајл скијач, Јон Салинен буквално „слета“ со своите скии врз главата на камерманот кој од самиот раб го снимаше настапот на скијачот.
На половина од трката, Салинен загуби контрола и удри во камерманот кој веднаш падна по ударот, но за среќа не се здоби со посериозни последици.
– Не бев ни сигурен дали ќе скијам во вториот обид по мојот судир. Се надевам дека камерманот е во ред, слетав директно на него, -изјави Салинен.
Финецот не успеа да обезбеди пласман во второто возење откако заврши на последното, 23 место во квалификациите.
⚠️ Watch out for the cameraperson! 💥
Does Jon Sallinen owe them a new camera? 🎥😉#Beijing2022 pic.twitter.com/0la1rF5kmD
— Eurosport (@eurosport) February 17, 2022
-
Македонијапред 18 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 23 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 6 часа
Интер не се откажува од Перишиќ: Ќе ја донесеме најдобрата одлука, сакаме да остане со нас
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 7 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 6 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)